Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Струмица и СВР Штип за безбеден сообраќај и спречување на употреба на пиротехнички средства

Превентивни активности на СВР Струмица и СВР Штип за безбеден сообраќај и спречување на употреба на пиротехнички средства

 


Денеска (20.12.2025) на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, во рамки на кампањата што ја спроведува МВР „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и Полициската станица Струмица во соработка со Црвен крст – Општинска организација Струмица спроведоа симулациска вежба за помош на лице повредено при употреба на пиротехнички средства. Активностите во рамки на кампањата продолжија и на други локации во Струмица, каде полициски службеници на граѓаните им делеа летоци со едукативна содржина поврзана со штетните последици од употребата на пиротехнички средства.

СВР Струмица преку Отсекот за превенција во текот на вчерашниот ден во соработка со лекари од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија реализираше и повеќе едукативни предавања со ученици од прва година од средните училишта „Никола Карев“, „Јане Сандански“ и „Димитар Влахов“ во Струмица, каде што лекарите на учениците им објаснија за штетните последици кои може да ги предизвика употребата на пиротехнички средства по нивното здравје и тело, а полициските службеници им укажаа за казнените одредби кои предвидуваат санкционирање на набавката, продажбата и употребата на пиротехнички средства. Ваквите активности ќе продолжат и во следниот период

Полициски службеници од СВР Штип пак, денеска, на повеќе локации во централното градско подрачје во Штип реализираа активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот, пред се насочени кон зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол. Исто така, на граѓаните им беше укажано на штетните последици од користење на пиротехнички средства.

Мени за пристапност