Денеска (19.12.2025) полициски службеници од СВР Струмица и СВР Штип, заедно со лекари од медицинските установи, реализираа предавања во рамките на кампањата за спречување на употреба на пиротехнички средства за учениците во основните училишта „Маршал Тито“ во Струмица, „Герас Цунев“ во село Просениково, струмичко, „Кирил и Методиј“ во село Дабиле, струмичко, „Крсте Мисирков“ и „Владо Кандарџиев“ во Гевгелија, „Ристо Шуклев“ во село Негорци, гевгелиско, „Кирил и Методиј“во Македонска Каменица и средното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. На предавањата беше укажано дека употребата на пиротехнички средства претставува голем ризик по здравјето, особено кај децата и може да предизвика тешки и трајни повреди и последици по здравјето. Истовремено, беше потенцирано дека продажбата и употребата на пиротехнички средства е законски строго регулирана и за непочитување на законите се предвидени казни. Целта на едукативните предавања е да се подигне свеста кај децата за опасностите од користењето на пиротехнички
Вчера (18.12.2025) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово во Општинското основно училиште „Симче Настовски" во с Вратница, беше одржано предавања посветено на безбедноста во сообраќајот. На учениците им беа претставени основните сообраќајни правила и прописи, со цел нивно безбедно движење како пешаци или доколку управуваат велосипед или тротинет.