Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Велес и СВР Штип за безбеден сообраќај

Превентивни активности на СВР Велес и СВР Штип за безбеден сообраќај

 


Денеска (02.02.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај  при СВР Велес, на неколку локации во Велес, реализираа превентивни активности со цел подигнување на степенот на сообраќајна култура. Посебен акцент беше ставен на потребата за свесност кај возачите, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Исто така, беше нагласена и обврската за редовно одржување и техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. На возачите им беше поделен и печатен едукативен материјал,  изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност- Скопје.

Полициски службеници од ПС БПС Кочани во Кочани реализираа превентивна активност под мотото „Користи зимска опрема”. На граѓаните низ директна комуникација и делење на едукативни летоци им ја потенцираа потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, особено во делот на користење на зимската опрема, обврска која е на важност во периодот од 15 ноември 2025 година до 15 март 2026 година.

Мени за пристапност