Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Тетово за заштита од пожари

Превентивни активности на СВР Тетово за заштита од пожари

Вчера (29.06.2025) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово и од Полициското одделение Жеровјане на подрачјето на општина Брвеница, во селата Радиовце, Теново, Волковија и Челопек реализираа превентивни активности за заштита од пожари.


На граѓаните им беше појаснето дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и сл. со цел брза и навремена реакција. Во летниот период, со зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание. Затоа, беше посочена потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор, како и внимателно извршување земјоделски работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви.


На граѓаните им беше поделен печатен едукативен материјал, со информативна содржина, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, а насочен кон подигнување на свеста за превенција од пожари. 

Мени за пристапност