Вчера (30.06.2025) на повеќе локации во Куманово, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, ПС за БПС Куманово и Општинскиот совет за превенција спроведоа превентивни активности „Носи кацига и заштити го животот“.
Со превентивните активности беа опфатени велосипедистите, мотоциклистите и возачите на електрични тротинети. Полициските службеници преку директна комуникација им даваа корисни совети на граѓаните и им ја потенцираа важноста за носење кацига со цел да се избегнат посериозни повреди при евентуална сообраќајна незгода, а им поделија и едукативен печатен материјал, изготвен од Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај, во кој покрај советите за задолжително носење на кацига, опфатени се и останатите правила и прописи за безбедно учество во сообраќајот.