Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Одговорно пред пешачки премин, секогаш погледни, намали, застани“, превентивна активност на СВР Струмица за безбеден сообраќај

„Одговорно пред пешачки премин, секогаш погледни, намали, застани“, превентивна активност на СВР Струмица за безбеден сообраќај

Денеска (02.07.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица на подрачје на Струмица реализираа превентивна активност „Одговорно пред пешачки премин, секогаш погледни, намали, застани“, која се реализира во рамки на кампањата „Сите сме пешаци“.


Во разговор и со делење на едукативен материјал обезбеден од РСБСП, од страна на полициските службеници пешаците беа потсетувани за нивната должност да поминуваат улица само на обележан пешачки премин, да внимаваат на возилата кои наидуваат и слично. Исто така, на возачите им беше укажано дека мора целосно да ги почитуваат правилата односно да им даваат предност на пешаците при преминување на сообраќајниците. Целта на активноста е подигање на свеста за одговорно и безбедно учество во сообраќајот.

Мени за пристапност