Денеска (01.07) во Берово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Берово спроведоа превентивно - едукативна активност во рамки на кампањата „Не користи мобилен телефон додека возиш“.
Превентивната активност беше наменета за сите учесници во сообраќајот кои управуваат моторни возила, и преку директна комуникација им беше укажувано на големиот ризик и последиците кои можат да настанат доколку се користи мобилен телефон додека се управува моторно возило. Воедно, беа поделени и летоци со едукативна содржина, обезбедени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.