Денеска (04.12.2025) полициски службеници од ПС Штип и Отсекот за превенција при СВР Штип во СОУ „Димитар Мирасчиев” во Штип одржаа едукативно предавање за штетните последици и казнените одредби доколку се употребуваат пиротехнички средства. Едукативно предавање на оваа тема, но и на темата „Врсничко насилство- булинг и сајбербулинг“ во ООУ „Ванчо Прќе“ одржаа полициски службеници од ОВР Делчево. На учениците им беше презентирано како да го препознаат врсничкото насилство, како да се превенира и како и каде да пријават доколку се жртви на врсничко насилство.
Полициски службеници од ОВР Свети Николе и ПО за БПС Штип, пак, на повеќе патни правци спроведоа превентивна активност „Возете безбедно– со технички исправно возило“, со цел да се влијае на подигнувањето на свеста за важноста од управување на техничко исправно возило и важноста на редовните сервисни проверки, бидејќи исправноста на возилото е значаен фактор што влијае на безбедноста при учество во сообраќајот.