Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Охрид, СВР Битола и СВР Штип за превенција од зависности и насилство, како и заштита од измами и нелегалната употреба на пиротехнички средства

Превентивни активности на СВР Охрид, СВР Битола и СВР Штип за превенција од зависности и насилство, како и заштита од измами и нелегалната употреба на пиротехнички средства

Денеска (01.12.2025) ОВР Струга почна со реализација на едукативни кампањи и работилници наменети за младата популација, насочени кон сузбивање на зависности од дрога, алкохол и пушење. Полициските службеници во средното училиште „Ибраим Темо“ во Струга низ интерактивна комуникација со учениците, зборуваа за последиците од зависностите, но и за начините за превенција, како и казнените одредби за кршењето на законите, а беа поделени и едукативни летоци. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид пак реализираа средба со претставници од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца во насока на превенција од телефонските измами за наводни сообраќајни несреќи, чија цел се претежно повозрасните лица. Беше потенцирана потребата од внимателност на граѓаните, тие да бидат соодветно информирани за оваа појава и брзо пријавување на ваквите случаи со цел пронаоѓање на сторителите.

На темата превенција од зависности, денеска постапуваа и полициски службеници од СВР Штип, поточно од ПС Свети Николе, преку реализација на едукативни предавања во ОУ „Гоце Делчев“ и ОУ „Кирил и Методиј“. Полициски службеници од ПС Берово пак, во Берово спроведоа превентивни активности со цел подигање на јавната свест меѓу граѓаните, особено младата популација, за опасностите и последиците од употребата на петарди и други пиротехнички средства. Тие укажуваа дека употребата на пиротехнички средства може да доведе до тешки телесни повреди, пожари, оштетување на имотот итн., а потсетија и на санкциите во случај на непочитување на законите. Во Штип пак, во ОУ „Ванчо Прќе“ полициските службеници од ПС Штип одржаа едукативна работилница за превенција од булинг и меѓуврсничко насилство. 

На територија на СВР Битола пак, вчера (30.11.2025) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола и ПО Кривогаштани во основното училиште „Мачну Матак" од Кривогаштани реализираа превентивна активност на тема „Има помош за живот без насилство“. Преку непосредна комуникација, граѓаните беа информирани за појавите на семејно насилство, како и за правата и мерките за заштита при постоење на некој од облиците на семејно насилство. Во рамки на активноста, беше поделен и печатен едукативен материјал со информативна содржина за заштита од семејно насилство.

Мени за пристапност