Денеска (21.01.2026) полициски службеници од СВР Штип на повеќе локации на територија на СВР Штип реализираа превентивни активности од областа на сообраќајот и заштитата од имотни деликти.
Во Штип и Свети Николе, полициски службеници од СВР Штип и ОВР Свети Николе во рамки на превентивните активности под мотото „Користи зимска опрема“, на возачите низ директна комуникација и делење на едукативни летоци им ја потенцираа потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, особено во делот на користење на зимската опрема, обврска која е на важност во периодот од 15 ноември 2025 година до 15 март 2026 година. На возачите им беше укажано и на санкциите кои се предвидени за непочитување на законите.
Исто така, во Делчево и Берово под мотото „Не управувај патничко моторно возило под дејство на алкохол” и „Управувај технички исправно возило“, на возачите им беше укажано на штетните последици што можат да настанат доколку се управува возило под дејство на алкохол, како и за потребата од редовна проверка на техничката исправност на возилата.
Во Пробиштип пак, полициски службеници од ОВР Пробиштип реализираа превентивно- едукативна активност за заштита од кражби и измами. Полициските службеници, во непосредна комуникација и со делење на едукативен материјал, споделија корисни совети со граѓаните за тоа како да се заштитат од вакви кривични дела.