Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Штип, СВР Скопје, РЦ за ГР Исток и ОВР Делчево за безбеден сообраќај и заштита од имотни деликти

Превентивни активности на СВР Штип, СВР Скопје, РЦ за ГР Исток и ОВР Делчево за безбеден сообраќај и заштита од имотни деликти

Денеска (19.01.2026) на некоку локации во Штип, Отсекот за превенција при СВР Штип реализирана превентивна кампања „не оставајте вредни предмети  во вашиот автомобил“. Во непосредна комуникација  со граѓаните  им беше укажано  да не оставаат вредни предмети во автомобилите со цел да се превенираат можностите за тешки кражби  од патнички моторни возила. Исто така, на граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина им беше посочено дека секој сомнителен случај  треба да го пријават во полициска станица.    

На 18.01.2026, во рамките на кампањите за унапредување на сообраќајната култура, на наплатната рампа Петровец, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП реализираше превентивна активност „Користете зимска опрема“. Превентивната активност беше организирана со цел подигнување на свеста одговорно и безбедно учество во сообраќајот и притоа беше поделен едукативен материјал со практични совети. 

На 18.01.2026 во Делчево, во с.Sвегор и во населба Звегорска река, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток и ОВР Делчево реализира превентивни активности „Градиме пријателство - создаваме безбедност“ и „Вози одговорно“. Притоа, полициските службеници имаа средби со граѓани на кои ги информираа за формите на имотните деликти и имотниот криминал, а им беше појаснето за начините и постапките кои треба да се превземат со цел да се заштитат од сторителите на вакви кривични дела. Исто така, на возачите учесници во сообраќајот, полициските службеници им даваа препораки и совети за безбедно патување, во услови на замрзнати и влажни коловози да ја намалат брзината, возењето да го прилагодат према условите на патот, да држат безбедно растојание и да не употребуваат алкохол додека возат.

Мени за пристапност