Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Штип и СВР Куманово за безбеден сообраќај

Превентивни активности на СВР Штип и СВР Куманово за безбеден сообраќај

Денеска (24.11.2025) од страна на полициски службеници од Полициската станица Свети Николе во ООУ „Гоце Делчев” во с. Црнилиште, светиниколско, беше реализирано предавање на тема „Да ги заштитиме децата во сообраќајот”, наменето за учениците во ова училиште. Притоа, децата беа запознаени со основните сообраќајни правила и прописи, односно како да се однесуваат кога се учесници во сообраќајот како пешаци, но особено кога возат велосипеди. Исто така денеска, од страна на полициски службеници од ОВР Пробиштип во централното подрачје на Пробиштип и полициски службеници од ОВР Кочани во Кочани беа реализирани превентивни активности на тема „Не користи мобилен телефон додека ја преминуваш улицата“, со цел да се зголеми безбедноста на пешаците. 

Во текот на изминатиот викенд пак, Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Општинскиот совет за превенција од Општина Куманово и девет авто- школи од Куманово, спроведоа он лајн тестирање на 120 ученици од средните училишта во Куманово, насочено кон безбедното возење мотор.

Мени за пристапност