Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивна активност на СВР Скопје и РСБСП за безбеден сообраќај

Превентивна активност на СВР Скопје и РСБСП за безбеден сообраќај

 

Денеска (23.11.2025) на наплатната рампа Глумово, во рамките на кампањата за унапредување на сообраќајната култура, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата реализираа превентивно-едукативна активност наменета за возачите за тоа како да го подготват возилото пред патување и задолжителното поседување на зимска опрема. Настанот беше организиран со цел подигнување на свеста за одговорно и безбедно учество во сообраќајот, а беше поделен и едукативен материјал во форма на летоци.

Мени за пристапност