Денеска (22.11.2025) на наплатната рампа Петровец, во рамките на кампањата за унапредување на сообраќајната култура, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата реализираа превентивно-едукативна активност наменета за возачите, за тоа како да го подготват возилото пред патување и задолжителното поседување на зимска опрема. Настанот беше организиран со цел подигнување на свеста за одговорно и безбедно учество во сообраќајот, а беше поделен и едукативен материјал.
Исто така денеска, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово и ПО за БПС Гостивар во близина на наплатната станица Гостивар спроведоа превентивна активност со цел да се влијае врз возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и одговорно да се однесуваат во сообраќајот и со тоа сите да дадеме свој придонес за намалување на бројот на жртвите во собраќајни несреќи.
Исто така и во станиците за технички прегледи на територија на СВР Тетово се поделени летоци со порака ,,Да се вози безбедно со технички исправни возила".