Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Последици од управување технички неисправно возило“, „Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртви“, „Зимска кампања“, „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ превентивни активности на...

„Последици од управување технички неисправно возило“, „Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртви“, „Зимска кампања“, „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ превентивни активности на...

Денеска (21.11.2025) и во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Битола - ОВР Ресен на повеќе локации во градот реализираа превентивна активност на тема „Последица од управување технички неисправно возило“. Целта на активноста е да се влијае на подигнувањето на свеста за важноста од управувањето на техничко исправно возило и значењето на редовните проверки и одржување на возилата. Анализите покажуваат дека исправноста на возилата е значаен фактор што влијае на безбедносната состојба во сообраќајот. Со редовното одржување и контрола на техничката исправност на возилата, се подигнува сообраќајната култура и се намалува ризикот од сообраќајни незгоди. Исто така, полициските службеници на подрачје на Ресен во средното училиште „Цар Самоил" истите одржаа неколку работилници со учениците при што беше разговарано за поголема внимателност и спречување на насилства во училиштата .За време на активностите беше поделен и едукативен материјал.

Денеска (21.11.2025), полициски службеници од Полициско одделение за Безбедност на патниот сообраќај при ОВР Неготино заедно со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на повеќе локации во градот, реализираа превентивна активност на тема „Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртви“. Целта на активноста е да се влијае на подигнувањето на сообраќајната култура и нивото на свест кај возачите, за важноста од одговорно и безбедно управување на возилата за да се намали бројот на жртви во сообраќајни незгоди. Преку непосредна комуникација на возачите им беше потенцирана неопходноста од совесно и одговорно управување моторни возила, како и обврската да ги почитуваат законските правила и прописи.  

Денеска (21.11.2025) во рамките на сеопфатните кампањи за унапредување на сообраќајната култура, на подрачје на ПСОН Чаир Одделението за превенција при СВР Скопје  во соработка со РСБСП одржа сообраќајна превентивно-едукативна активност наменета за возачите “Зимска кампања“. Настанот беше организиран од страна на РСБСП и Одделението за превенција при СВР Скопје со цел подигнување на безбедносната свест за одговорно и безбедно учество во сообраќајот, особено кај возачите. Притоа, беше поделен едукативен материјал во форма на летоци како едукативен материјал со практични совети за безбедно учество во сообраќајот.

Денеска (21.11.2025) полициски службеници од Полициска станица Свети Николе во ООУ „Гоце Делчев” во Свети Николе реализираа предавање на тема „Да ги заштитиме децата во сообраќајот”. Притоа, децата преку наменски подготвено предавање беа запознаени со основните сообраќајни правила и прописи, односно како да се однесуваат кога се учесници во сообраќајот, и како пешаци, но особено кога возат велосипеди.

Исто така реализирана е превентивна активност на повеќе локации во Пробиштип под мотото ,,Не користи мобилен телефон додека минуваш  улица“ при што на пешаците им беше укажано дека улицата треба да ја минуваат секогаш на обележан пешачки премин  и дека за време на минувањето на улицата не треба да користат мобилен телефон, слушалки во ушите или таблет затоа што согласно примената на измените и дополнувањата на Законот за безбедност на патиштата може да бидат санкционирани, односно да не користат електронски уреди кои може да им го одвлекуваат вниманието во сообраќајот.

Мени за пристапност