Денеска (19.11.2025) полициски службеници од ОВР Кавадарци, спроведоа превентивна активност под мотото „Внимавај, телефонски измами“. Оваа превентивна активност беше реализирана со цел да се информираат и едуцираат граѓаните за опасностите од телефонските измами, како истите да ги препознаат и да не дозволат да бидат жртви на овој вид измами. Целта на овој вид превентивни активности е да се подигне свеста за заштита од овој вид на кривични дела и да им се укаже на граѓаните секој сомнителен случај да го пријават во полиција. Во рамки на активноста беше поделен печатен едукативен материјал.
Денеска (19.11.2025) на Градскиот пазар во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип спроведоа превентивна кампања за заштита од имотните деликти - џебни кражби и кражби во домови. На граѓаните, особено на повозрасните, покрај практичните совети во врска со начините и постапките кои треба да се преземат во насока на поголема заштита од сторители на џебни кражби и кражби во домови, им беа поделени и летоци со едукативна содржина под мотото „Заштити се од џебни кражби“ и „Обезбеди го твојот дом“.
Денеска (19 .11.2025) СВР Куманово спроведе превентивна активност на наплатна станица Романовце, ГП Табановце и магистрален пат Куманово-Крива Паланка со цел одбележување на 16 Ноември-Ден на сеќавање на жртви од сообраќајни незгоди
Денеска (19.11.2025) во рамки на активностите од кампањата за одбележување на „Светскиот ден на жртви од сообраќајни незгоди“, СВР Струмица преку полициски службеници од Отсекот за превенција реализираа едукативно-превентивен настан во Општина Босилово.
Имено, учесниците беа дел од симболичен марш организиран во чест на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди. Истиот имаше за цел да упати порака за почит и поддршка кон семејствата кои ги загубиле своите најблиски во трагични сообраќајни незгоди.
Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, денеска (19.11.2025) беше реализирана едукативна работилница во ЈОУДГ „11-ти Октомври“ во објект Ташко Караџа на подрачје на општина Бутел.
Основна цел на превентивната активност беше да се запознат децата од градинката како да се однесуваат безбедно во сообраќајот, како да препознаат полициски службеник и дека полицијата е тука да помогне и да ги заштити.