Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Скопје за заштита од шумски пожари и од имотни деликти

Превентивни активности на СВР Скопје за заштита од шумски пожари и од имотни деликти

Одделението за превенција при СВР-Скопје во соработка со ЈП „Национални шуми“ и Шумскаta полиција, денеска (15.07.) на подрачје на Полициската станица Кисела Вода, односно во непосредна близина на Општина Сопиште, реализираше превентивни активности во рамки на кампања за спречување на шумски пожари и бесправна сеча на дрва. Притоа во рамки на активноста во разговор со локалното население и посетителите беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како фрлање и палење на ѓубре, палање оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично со цел брза и навремена реакција на институциите.


Исто така, беше нагласено дека во пресрет на летниот период и зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание. Затоа беше посочена потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор . Покрај тоа посетителите беа информирани и за законските одредби и санкции особено во поглед на законската регулатива која го опфаќа делото пожари односно ,,Предизвикувње општа опасност” регулирано во Кривичниот законик на РСМ по чл. 288, со што предвидува казна затвор од 6 месеци до 5 години. Целта на оваа активност беше да се зголеми безбедносната култура, но и да се зајакне довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните. Воедно на посетителите им беа делени и информативни летоци.


Исто така, на подрачјето на ПСОН Кисела Вода, во непосредна близина на трговски објекти лоцирани на булеварот „Борис Трајковски“, реализирана е едукативна превентивна активност а тематски посветена на „Превенција на имотни деликти”, во склоп на кампањата „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил”.


Основна цел на проектот е заштита од тешки кражби од куќи и станови, разбојништва, насилства, измами, со акцент на заштита од тешки кражби од патнички моторни возила. Воедно, дополнителна цел на оваа кампања е и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Притоа, на граѓаните им се укажуваше дека оставањето на видливи предмети во авотомобилоте е потенцијално привлекување на извршување на кривичното дело од делот на имотни деликти, односно обивање на возило поради кражба. Се укажуваше и на потребата од подигнување на нивото на безбедносната свест и самозаштита на граѓаните, како и се делеа едукативни флаери со корисни препораки.

Мени за пристапност