Денеска (30.01.2026) полициски службеници од СВР Скопје и СВР Куманово на повеќе локации во општина Аеродром и Куманово реализираа превентивни активности од областа на сообраќајот. На возачите низ директна комуникација и делење на едукативни летоци им ја потенцираа потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, особено во делот на користење на зимската опрема, обврска која е на важност во периодот од 15 ноември 2025 година до 15 март 2026 година. Исто така, на возачите им беше укажано на штетните последици што можат да настанат доколку се управува возило под дејство на алкохол, како и за законската обврска за користење на сигурносен појас и фактите дека користењето појас во голем процент ги намалува последиците при евентуална сообраќајна несреќа. На возачите им беше укажано и на санкциите кои се предвидени за непочитување на законите, а беа информирани и за почетокот на системот „Безбеден град“ од 01.02.2026 година. Во Пробиштип пак, полициски службеници од ОВР Пробиштип во содејство со Меѓународната полициска асоцијација– ИПА Македонија, за учениците од ООУ „Никола Карев“, ООУ „Браќа Миладиновци“ и ПОУ „Ванчо Трајков“ во Пробиштип одржаа едукативни предавање на тема „Основни сообраќајни правила и прописи за најмалите учесници во сообраќајот”.
Од страна на Одделението за превенција при СВР Скопје и полициски службеници од ПСОН Ѓорче Петров и ПСОН Аеродром беа реализирани и едукативни работилници во ООУ „Александар Македонски“ и ООУ „Ѓорче Петров“ на темите „Превенција од насилство и превенција од трговија со деца“. Основна цел на работилниците е подобрувањето на безбедноста на учениците односно намалување на сите облици на насилство.
На територија на СВР Штип, во Берово и Виница, беа спроведени превентивно- едукативни активности за заштита од имотни деликти, пред се кражби и измами. Во непосредна комуникација со граѓаните на Берово и Виница, особено со повозрасната популација, полициските службеници им даваа корисни совети на граѓаните како да се заштитат себе и своите домови од кражби, провални кражби и измами и потребата секој сомнителен случај да го пријават во полиција.