Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Охрид и СВР Штип за безбеден сообраќај

Превентивни активности на СВР Охрид и СВР Штип за безбеден сообраќај

 


Во текот на вчерашниот ден (28.01.2026) Отсекот за превенција при СВР Охрид почна со спроведување на превентивна кампања за безбеден сообраќај, насочена кон мотоциклистите, велосипедистите и лицата кои управуваат електрични тротинети. Притоа, низ директна комуникација и делење на едукативни летоци, на граѓаните им беше посочена потребата од почитување на сообраќајните прописи со цел безбедно учество во сообраќајот, особено околу законските обврски за задолжително носење заштитна кацига, задолжително користење на велосипедската патека, како и почитување на поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. 
На територија на СВР Штип, пак денеска во Пробиштип, Виница Берово и Кочани, беа спроведени превентивни активности под мотото „Не управувај возило под дејство на алкохол”, „Управувај технички исправно возило“ и „Стави појас“. На возачите им беше укажано на штетните последици што можат да настанат доколку се управува возило под дејство на алкохол, како и за потребата од редовна проверка на техничката исправност на возилата. Исто така, беше потенцирано дека користењето сигурносен појас значително придонесува за намалување на степенот на повредите при евентуални сообраќајни несреќи.

Мени за пристапност