Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Скопје и СВР Штип за заштита од кражби во возила и безбеден сообраќај

Превентивни активности на СВР Скопје и СВР Штип за заштита од кражби во возила и безбеден сообраќај

Денеска (15.06.2026) на подрачјето на Полициската станциа Центар, Одделението за превенција при СВР Скопје спроведе превентивно - едукативна кампања од областа на имотни деликти - „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“.

Основна цел на активноста е зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. За време на активноста на возачите им беше укажано да не оставаат вредни предмети во автомобилите додека се паркирани, за да не предизвикуваат оштетување на нивните возила и крадење на оставените вредни предмети.

Притоа, по случаен избор на возилата беа оставани летоци со едукативна содржина. На 15.06.2026 на повеќе локации во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип реализираа превентивна активност под мото ,,Со тротинет и велосипед секогаш вози безбедно и според правилата“. За време на активноста до велосипедистите и возачите на тротинети беше упатена порака да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, на учесниците во сообраќајот им беа поделени и летоци со едукативна содржина, односно за важноста за почитување на сообраќајните правила и прописи.

Мени за пристапност