Денеска (14.06.2026), полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Полициското одделение Галате и претставници од ЈП "Национални шуми"-Гостивар во повеќе села на подрачјето на општина Врапчиште, спроведоа превентивна активност под мотото „Пламените јазици се незапирливи". Притоа, на граѓаните и возачите на моторни возила им беше укажано од потребата од зголемено внимание за заштита на шумите од пожари особено во летниот период. Исто така, им беа посочени и законските импликации доколку се загрозува природата со несовесно однесување кое може да придонесе за предизвикување на општа опасност или пак предизвикување пожар. На граѓаните им беа поделени летоци со информативно-едукативни содржини.
На 14.06.2026, полициски службени од Отсекот за превенција при СВР Штип и од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип на повеќе локации во Штип реализирана превентивна активност под мото ,,Безбедно на мотор и кацига на глава безбедност и сигурност дава".
На мотоциклистите и возачите на тротинети и беше препорачано да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, за време на превентивната активност на возачите учесници во сообраќајот им беа поделени и летоци со едукативна содржина. во врска важноста за почитување на сообраќајните правила и прописи.