Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Битола за безбеден сообраќај , заштита од пожари и употреба на огнено оружје

Превентивни активности на СВР Битола за безбеден сообраќај , заштита од пожари и употреба на огнено оружје
Денеска (15.07.), како и во текот на вчерашниот ден, од страна на полициски службеници од СВР Битола, ОВР Ресен и ОВР Крушево на повеќе локации во Битола, Ресен и Крушево беа реализирани превентивни активности под мотото –„Не управувај возило под дејство на алкохол“ и „Носи кацига". Во текот на активностите, на возачите им беше појаснета законската регулатива со низа препораки за безбедно управување на возилата, како и почитување на сообраќајните правила и прописи. Беше особено нагласено дека секој возач кој конзумирал алкохол повеќе од дозволеното и управува возило ќе биде санкциониран, а дополнително беа делени и летоци изработени во соработка со РСБСП со едукативна содржина. Исто така, посебен акцент беше ставен на младите митоциклисти особено за носењето на заштитна кацига-шлем.
 
Вчера (14.07.) пак, полициски службеници при ОВР Ресен на повеќе локации и во околните селски средини реализираа превентивни активности насочени кон заштитата од шумски пожари. Во непосредни разговори со месното население и граѓаните-посетители на овие подрачја, полициските службеници укажуваа за ризиците и последиците од шумските пожари, а на граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“. Исто така, полициските службеници посочија низа конкретни примери и практични совети за правовремена заштита и превенција од пожари, а особено беше нагласена неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата пред се преку точно и брзо пријавување на бесплатниот број 112, како и почитување на воведената мерка за забрана на движење во шуми и шумско земјиште. Паралелно, во централното подрачје на Ресен и излезите кон излетничките места , полициските службеници разговараа со угостителите и граѓаните за забрана на употребата на огнено оружје при свадби и веселби како и за санкциите предвидени со ваквите законски прекршувања.

Мени за пристапност