Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Битола за безбеден сообраќај

Превентивни активности на СВР Битола за безбеден сообраќај

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (31.07.2026) на повеќе локации низ Битола, во соработка со Црвениот Крст Битола, спроведоа превентивни активности насочени кон едукација на младите возачи за опасностите кои произлегуваат при управување возила под дејство на алкохол или наркотични средства.

На граѓаните им беше укажано дека безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност и им беше потенцирано во никој случај да не возат ако консумирале алкохол или наркотични средства. Една неодговорна одлука може да има трајни последици, додека одговорното однесување спасува животи и придонесува за побезбедни патишта за сите.

Мени за пристапност