Вчера (30.07.2026) во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево при СВР Битола спроведоа превентивна активност „Алкохолот и воланот не се добар пар“. Кампањата е спроведена со цел зголемување на свеста кај возачите за опасностите од управувањето возило под дејство на алкохол. Додека, пак на повеќе локации во Новаци, полициски службеници од Полициското одделение Новаци денеска и вчера реализираа превентивни активности под мото „Полицијата е твој пријател", а во насока на безбеден сообраќај, како и заштита на граѓаните од кражби, измами и разбојништва, поголема соработка на граѓаните со полицијата и навремено пријавување на кривични дела.
На 31.07.2026 на повеќе локации во Штип, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип во содејство со полициски службеници од ПС Штип реализираа превентивна активност на тема „Превенција и заштита од кражби, провални кражби и измама. Во непосредни разговори на повозрасните лица им беа појаснети законските одредби, односно постапките кои можат да се преземат за заштита од овие видови на имотни деликти. Исто така, беа запознаени со начините за самозаштита.
Денеска и вчера (31.07.2026 и 30.07.2026) на подрачјето на СВР Велес беа реализирани повеќе превентивни активности. Денеска, во село Горно Оризари и населба Превалец, велешко, со граѓаните беше разговарано на тема „Пламените јазици се незапирливи“, односно кои превентивни мерки да ги преземат со цел да се заштитат шумите од пожари и потенцирано им е за потребата за поголема соработка и навремено пријавување на какви било појави на несовесно однесување од страна на граѓани. Исто така, денеска на подрачје на Кавадарци на граѓаните им беше потенцирана обврската за задолжително користење на заштитен појас во возилата, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи со цел зголемување на личната и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Додека, пак, во текот на вчерашниот ден во Велес и Неготино беа спроведени активности за безбеден сообраќај. „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Вози безбедно со трототинет и велосипед“ се превенциите кои се реализираа во Велес и Неготино, а основна цел беше зголемување на сообраќајната култура, зголемување на нивото на личната и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.