Денеска (20.06.2025) во централното градско подрачје во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип реализираа превентивни активности под мотото „Заштити го својот дом од кражби” и „Заштити се од џебни кражби”. Притоа, на граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина и преку практични примери им е укажано како да се заштитат од овој вид на криминалитет.
Исто така, на место викано Леговец реализирана е превентивна активност под мотото „Пламените јазици се незапирливи“, при што на граѓаните и возачите им е укажувано да не фрлаат догорчиња од цигари и стаклени предмети, бидејќи на тој начин, освен што ја загадуваат природата, предизвикуваат и пожари со кои се нанесуваат штети и трајни последици на шумскиот фонд. За време на активноста на граѓаните се делени летоци со едукативна содржина.