Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивна активност на СВР Скопје за спречување на шумски пожари и безправна сеча на дрва

Превентивна активност на СВР Скопје за спречување на шумски пожари и безправна сеча на дрва

На 21.06.2025 година Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со ЈП „Национални шуми“ и Шумска полиција на подрачјата на ПСОН Драчево, во с.Зелениково, спроведе превентивна активност во рамки на кампањата за спречување на шумските пожари и бесправната сеча на дрва. Притоа во рамки на активноста во разговор со посетителите беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично со цел брза и навремена реакција на институциите.


Исто така беше нагласено дека во пресрет на летниот период и зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание. Затоа, беше посочена потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор. Покрај тоа посетителите беа информирани и за законските одредби и санкции особено во поглед на законскaта регулатива која го опфаќа делото пожар, односно „Предизвикување општа опасност“ регулирано во Кривичниот законик на РСМ по член 288, со што се предвидува казна затвор од 6 месеци до 5 години.


Целта на оваа активност беше да се зголеми безбедносната култура, но и да се зајакне довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните. Воедно на посетителите им беа делени и информативни летоци.

Мени за пристапност