Отсек за превенција при СВР Куманово, денеска (19.06) во централното градско подрачје во Куманово реализираше превентивна активност на тема „Безбедно во сообраќајот“ . Во непосредна комуникација на возачите, а особено на мотоциклистите им беше потенцирана обврската за задолжително носење на заштитен шлем, користење на сигурносен појас во возилата, за штетноста од користење на мобилен телефон, но и за доследно почитување на сите правила и прописи.
За време на активноста на граѓаните им беше поделен и едукативен печатен материјал, изработен од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.