Денеска (18.06) во централното градско подрачје на Битола, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола спроведоа превентивно - едукативна активност во рамки на кампањата „Вози внимателно и одговорно“, а под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“.
Превентивната активност беше наменета за сите учесници во сообраќајот кои управуваат моторни возила и преку директна комуникација им беше укажувано на големиот ризик и последиците кои можат да настанат доколку се користи мобилен телефон додека се управува моторно возило. Воедно, беа поделени и летоци со едукативна содржина, обезбедени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.
Полициски службеници од ОВР Крушево, пак во централното подрачје на Крушево реализираа превентивна активност под мото – „Алкохол и волан - најлоша комбинација“ и „Паркирај совесно - паркирај одговорно“.
Исто така, и полициски службеници од ОВР Ресен денеска во централното подрачје на Ресен реализираа превентивна активност под мото- „Носи кацига“ насочена кон мотоциклистите.