Вчера (13.07.) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, заедно со полициски службеници од ПО Јегуновце и претставници на ЈП „Национални шуми“- подружница „Лешница“, на подрачјето на општината Јегуновце во селата Ратае, Жилче, Прељубиште и Јегуновце, беше спроведена превентивна активност под мотото „Пламените јазици се незапирливи“ и „Да ги заштитиме шумите од пожари“.
Во фокусот на оваа превентивна активност беа возачите, сопатниците и посетители на излетничките места, но и земјоделци и граѓани кои се движат на правци во овие реони. Во текот на средбите, на граѓаните им беше потенцирана потребата за поголема соработка и навремено пријавување во полиција на било какви појави на несовесно однесување од страна на граѓани, фрлање и палење ѓубре, особено на отворен простор и во близина на шумски појаси, со цел навремена и брза реакција на сите институции. Исто така, при спроведувањето на превентивната активност, граѓаните беа потсетени за донесената мерка од Владата за забрана за движење во шуми и шумски појаси, која што е на сила до крајот на август годинава. На граѓаните им беа делени и информативни летоци со едукативна содржина во врска со превентивните мерки кои треба да се преземат за да се заштитат од пожари шумите како најголемо национално богатство. а изработени од страна на ЈП „Национални шуми“.