Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивна активност на СВР Битола за побезбеден сообраќај - работилница посветена за најмладите од Битола

Превентивна активност на СВР Битола за побезбеден сообраќај - работилница посветена за најмладите од Битола

Денеска(19.11.2025) во основното училиште „Даме Груев" во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај и Отсекот за превенција при СВР Битола учествуваа на работилницата посветена на најмладите ученици. Притоа, полициските службеници ги запознаа учениците со основните сообраќајни правила и прописи, како и препораки за безбедно пристигнување од дома до училиште и обратно. 

Во рамки на активноста на децата им беше поделен рекламен печатен материјали со едукативна содржина.

Мени за пристапност