Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивна активност на ОВР Кавадарци за побезбеден сообраќај

Превентивна активност на ОВР Кавадарци за побезбеден сообраќај

Вчера (19.06.2025), полициски службеници од ОВР Кавадарци, заедно со сообраќаен инспектор од локална самоуправа Кавадарци, на подрачјето на Кавадарци реализираа сообраќајно-воспитна акција под мото „биди одговорен, вози технички исправен и светлосно означен трактор“. 

 
Активноста беше насочена кон возачите на земјоделска механизација-трактори и приклучна механизација, преку која на возачите им беше укажувано за доследно почитување на законските одредби, при што беше нагласено дека пред да се вклучат во сообраќај неопходно е да ги доведат своите возила во исправна техничка состојба, особено во поглед на светлосната сигнализација, како и уредите за управување и кочење. 
Целта на овие превентивни активности беше насочена кон подигање на безбедносната свест и на оваа категорија учесници во сообраќајот. Со оглед на отпочнатиот период на  жетва, а со тоа и зголеменото учество во сообраќај  на земјоделската механизација,  од особен интерес е превенција на причините за случувањето на сообраќајни незгоди во кои учесници се овој вид возила, а кои најчесто се резултат на техничките недостатоци.   
Притоа, беше поделен и печатен материјал со едукативни препораки, со цел подигнување на свеста за безбедност и намалување на ризикот од сообраќајни незгоди.

Мени за пристапност