Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот и патиштата

Превентивна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот и патиштата

Денеска (08.03.2026 ) на наплатна станица Петровец на автопатот Скопје-Велес, во рамки на одбележување на празникот на жената 8 ми Март, Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП реализираа превентивно-едукативна кампања „Вози одговорно,биди жена возач за пример“. Целта на активноста е поттикнување на свеста на сите жени учесници во сообраќајот, за почитување на правилата и прописите.

На возачите им беше поделен едукативен материјал  флаери, привезоци и мали подароци со напомени да не управуваат возила доколку конзумираат алкохол. Возачите беа информирани и за штетните последици кои можат да настанат доколку управуваат возило под дејство на алкохол, односно дека санкциониран ќе биде секој возач кој консумирал алкохол и притоа управува возило.

Мени за пристапност