Денеска (03.07.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес на повеќе локации во Велес реализираа превентивна активност под мотото „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари и бесправни сечи“, насочена кон подигнување на јавната свест за заштита од пожари и одговорно однесување.
На граѓаните им беше укажано на потребата од пријавување на несовесно однесување, особено палење оган на отворено, фрлање отпушоци и други дејствија кои можат да предизвикаат пожари, имајќи ги предвид зголемените ризици во летниот период.
Во рамки на превентивните активности, полициски службеници од СВР Велес, ПО Чашка и ОВР Неготино реализираа и активности на темите „Полицијата поблиску до граѓаните“ и „Не биди нем сведок“, како и активности за заштита од родово базирано насилство, при што беа споделени едукативни совети со граѓаните.
Исто така, полициски службеници од ПС за БПС Штип, Кочани и Свети Николе спроведоа едукативни кампањи за безбедно учество во сообраќајот, додека ПС ОН Виница реализираше активност за заштита од пожари на отворен простор.
Во рамки на активностите беше поделен едукативен материјал.