Денеска (02.07.2026), полициски службеници од повеќе организациски единици на Министерството за внатрешни работи спроведоа превентивно-едукативни активности насочени кон заштита на имотот на граѓаните, превенција од пожари и унапредување на безбедноста во сообраќајот.
Во Велес, Неготино и Скопје беа реализирани активности под мотото „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, при што на граѓаните им беше укажано на важноста од заштита на нивниот имот и одговорно однесување при паркирање на возилата.
Во Штип, Свети Николе, Пробиштип, Богомила и Росоман беа спроведени превентивни активности за заштита од пожари на отворен простор и спречување на бесправна сеча, при што беше потенцирана потребата од внимателно однесување и навремено пријавување на несовесни постапки.
Во Кочани, Штип и Скопје беа реализирани и сообраќајно-превентивни кампањи за одговорно паркирање, безбедно користење електрични тротинети, велосипеди и мотоцикли, како и за поголема заштита на пешаците.
Во рамките на сите активности, на граѓаните им беше поделен едукативен материјал со цел подигнување на јавната свест и унапредување на безбедносната култура.