Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје , согласно годишната програма за работа денеска (18.11.2025) беше реализирана првата едукативна работилница во ООУ „ Александар Македонски“ на подрачје на општина Аеродром со формирање на Клуб за превенција составен од ученици од шесто, седмо, осмо и деветто одделение.
Основна цел на проектот е подобрувањето на севкупната и лична безбедност на учениците во образовно–воспитните установи, намалување на сите облици на насилство помеѓу учениците и детектирање на поединци и групи од училиштата како евентуални прекршители на законите, како и градење на доверба меѓу учениците и полицијата и развивање на меѓусебната соработка.
Активностите ќе се реализираат во форма на едукативни работилници, два пати во тековниот месец во договор со училиштата. На овие работилници, чие времетраење ќе биде еден училишен час, ќе бидат опфатени следните теми:
1. Формирање на Клубот за превенција и неговата улога
2. Човекови права-детски права и обврски;
3. Насилство (поим, видови на насилство и последици);
4. Насилство на спортски натпревари;
5. Насилство преку општествени (социјални) мрежи;
6. Злоупотреба на пиротехнички средства (Петарди, оружје, ладно оружје во пресрет на новогодишните празници)
7. Семејно насилство;
8. Трговија со луѓе;
9. Зависности (алкохол, дрога, коцкање и интернет);
10. Безбедност во сообраќајот;
11. Улогата на полицијата во демократско општество;
12. Посета на ПС ОН;
13. Матурски и полуматурски прослави.
Кон целната група односно кон учениците-членови на клубот за превенција, ќе се пристапува со укажување дека тие се важни и рамноправни членови на заедницата, со свои права, но и одговорности.