Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерот Исени прими висока делегација од Полска

Заменик министерот Исени прими висока делегација од Полска

 

Заменик министерот за внатрешни работи д-р Астрит Исени денеска (02.09.2026) во Скопје прими висока делегација од Министерството за внатрешни работи и администрација на Република Полска, предводена од заменик министерот Мациеј Дузчук. На средбата присуствуваше и амбасадорот на Република Полска во Северна Македонија, Н.Е. Мариуш Брумора.

На средбата, на која учествуваа претставници од повеќе области од двете министерства, беа разменети мислења за унапредување на билатералната соработка во областа на безбедноста, со посебен акцент на миграцијата, борбата против организираниот криминал и трговијата со луѓе, како и зајакнувањето на институционалните и оперативните капацитети.

Исени истакна дека искуствата на двете земји во справувањето со современите безбедносни предизвици се добра основа за развивање конкретни заеднички иницијативи и проекти.

Двете страни изразија подготвеност за натамошна размена на искуства и добри практики и продлабочување на соработката во области од заеднички интерес.

Во рамки на посетата, полската делегација вчера (01.09.2026) оствари работна посета и на Полициската академија. При посетата, делегацијата беше запознаена со работата и тековните реформи во областа на полициското образование и обуките, при што беше истакната подготвеноста за интензивирање на соработката и размена на искуства.

Мени за пристапност