На 02.09.2026 во 07:10 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода С.П.(28) од Кратово. При претрес во неговиот дом во Кратово, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против С.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.