На 03.09.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.С.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава за извршени две тешки кражби на пригушници од железничка пруга, од кои една на подрачје на ПС Аеродром и една на подрачје на ПС Драчево. По добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и З.С. е приведен во ПС Аеродром, а украдените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот „Железници на РСМ“. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.