На 04.09.2026 во 20:50 часот за време на одржување на културна манифестација „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци, полициски службеници од СВР Велес и ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Г.П.(42) и В.Ќ.(42), двајцата од Кавадарци. При преглед кај Г.П. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај В.Ќ. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, пари и телефон.
По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тие биле под дејство на алкохол, односно на Г.П. му биле измерени 0,53 промили, а на В.Ќ. му биле измерени 0,44 промили алкохол во крвта. Лицата се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.