Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода кавадарчанец, при преглед кај него пронајдена дрога и пари

Лишен од слобода кавадарчанец, при преглед кај него пронајдена дрога и пари

На 05.09.2026 во 22:45 часот, за време на одржување на манифестација „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода К.М.(34) од Кавадарци, затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност