Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Кривична пријава за 19 годишниот кој заедно со неговиот малолетен брат со нож им нанесоа убодни рани на три лица

Кривична пријава за 19 годишниот кој заедно со неговиот малолетен брат со нож им нанесоа убодни рани на три лица

 

Денеска (01.09.2026) СВР со  Скопје-Одделение за крвни и сексуални деликти до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Б.И.(19) од Скопје за сторено кривичнo делo "насилство" по член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност преземале дејствија на насилство со кои на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож, а полесно било повредено уште едно дете. 
Во јавноста и кај присутните лица предизвикувале чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност.

Мени за пристапност