Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, утре, 1 септември 2026 година во 11:30 часот, на пистата во Полициската академија, ќе ги поздрави учениците примени во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ по повод почетокот на нивното образование.
Заинтересираните медиуми се покануваат да го проследат настанот и се молат да пристигнат во 11:15 часот.
Предвидена е изјава за медиумите од министерот Тошковски.