Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Приведено лице од Берово поради нарушување на јавниот ред и мир во ПС Аеродром

Приведено лице од Берово поради нарушување на јавниот ред и мир во ПС Аеродром

На 06.05.2026 во 11:10  часот во Скопје, пред објектот на ПС Аеродром, поради нарушен јавен ред и мир во ПС Аеродром приведен е Х.А.(32) од Берово. Претходно Х.А. побарал од полициски инспектор да му биде даден видео запис од видео надзор од „Безбеден град“, за сообраќајна незгода во која учествувал, но откако му било укажано дека видео записот не може да му биде доставен без да пополни соодветно барање, тој почнал агресивно да се однесува и во неколку наврати се обидел да влезе во службените простории во полициската станица, при што снимал со мобилен телефон иако му било укажано дека тоа не смее да го прави. По документирање на случајот, против Х.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Мени за пристапност