Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Со музичко-забавен хепенинг и дружба со полициските службеници во Градскиот парк во Скопје одбележан Денот на полицијата

Со музичко-забавен хепенинг и дружба со полициските службеници во Градскиот парк во Скопје одбележан Денот на полицијата

Во текот на вчерашното попладне (07.05.2026) во Градскиот парк во Скопје преку дружење, презентација на полициската опрема на различни полициски единици, заедно со граѓаните се одбележа 7-Мај Денот на македонската полиција. 

Сите граѓани а особено најмладите имаа можност одблиску да ја запознаат работата на полицијата, да разговараат со полициските службеници, да се фотографираат со нив и да уживаат во одличната атмосфера и музичко-забавниот хепенинг на популарната Школка со познати естрадни уметници. 

Македонската полиција е секогаш со граѓаните – посветена на нивната безбедност, доверба и сигурна иднина.

Мени за пристапност