Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претреси во Гостивар,пронајдени дрога и оружје, лишени од слобода три лица

Претреси во Гостивар,пронајдени дрога и оружје, лишени од слобода три лица

 

На 08.05.2026 во периодот од 14:30 до 19:00 часот во Гостивар и гостиварско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода Е.А.(24) и Д.Ш. (24) во Гостивар и Л.Г.(20) во с.Долна Бањица, гостиварско. 
При преглед кај лицето Е.А. е пронајден и одземен мобилен телефон и предмети со остатоци од наркотична дрога.


Врз основа на наредба од Основен суд Гостивар, полициските службеници извршиле претрес во домот и помошните простории кај Д.Ш.. При претресот биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана, дигитална вага и пари во различни валути и апоени. 
Исто така, претрес со судска наредба бил извршен и во домот на Л.Г. во с.Долна Бањица. При претресот биле пронајдени и одземени ќеса со марихуана и малокалибарска пушка со рамка од четири куршуми. 


Тројцата се задржани во полициска станица и по документирање на случаите против нив ќе следи соодветни пријави.

Мени за пристапност