Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Исени во Њујорк: Зајакнување на партнерството со Меѓународната организација за миграција и унапредување на системите за управување со миграцијата

Исени во Њујорк: Зајакнување на партнерството со Меѓународната организација за миграција и унапредување на системите за управување со миграцијата

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени деновиве во Њујорк учествува на Глобалниот форум за ревизија на Глобалниот компакт за безбедна, уредна и регуларна миграција на Обединетите нации, кој се одржува од 5 до 8 мај. Главната средба на форумот ќе се одржи утре 7 мај, на која е предвидено обраќање на заменик министерот Исени.

Форумот претставува главна меѓувладина глобална платформа на која земјите членки дискутираат и разменуваат напредок во имплементацијата на сите аспекти на Глобалниот компакт за миграција, вклучително и неговата поврзаност со Агендата 2030 за одржлив развој, со учество на релевантни меѓународни и институционални чинители.

Во рамки на форумот денес заменик министерот Исени оствари работна средба со претставници на Меѓународната организација за миграција (IOM), на која беше потврдена успешната и долгорочна соработка, како на национално, така и на регионално ниво. Беше истакнат придонесот на IOM во зајакнувањето на управувањето со границите, обуката на службениците и модернизацијата на системите во согласност со меѓународните стандарди.

На средбата беа презентирани повеќе заеднички проекти финансирани преку ИПА програмите на Европската Унија, насочени кон унапредување на системите за идентификација и регистрација на мигранти, јакнење на капацитетите за борба против организираниот криминал, како и подобрување на пристапот на мигрантите до заштита и законски механизми. Дополнително, беше нагласена и регионалната димензија на соработката, која придонесува кон координиран и сеопфатен пристап во управувањето со миграцијата на Западен Балкан.

Мени за пристапност