Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

 

На 06.05.2026 во 13:30 часот во Гостивар, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиja од слобода Е.И.(37) од Гостивар. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана, дигитална вага и 68.500 денари. Потоа, во 21:40 часот, полициски службеници го лишиja од слобода и Џ.М.(38) од село Здуње, гостиварско, поради сомнение за сторено кривично дело „нелегално производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

Мени за пристапност