Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица се лишени од слобода и приведени во полициска станица

Пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица се лишени од слобода и приведени во полициска станица

На 04.05.2026 во 14:45 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена пријавила дека на 03.05.2026 во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот син С.Ѓ. и неговата сопруга, кои оштетиле и дел од покуќнината.

На 04.05.2026 во 15:45 часот во СВР Скопје, 19-годишна девојка пријавила дека на 02.05.2026 во домот на подрачјето на Кисела Вода, таа и нејзината мајка биле физички нападнати од нејзиниот татко З.Ѓ..

На 04.05.2026 во 07:05 часот во СВР Тетово, 30-годишна жена од Тетово пријавила дека околу 06:50 часот во Тетово, нејзиниот поранешен партнер С.К. од Скопје ја следел и вознемирувал.

На 04.05.2026 во 15:30 часот на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода А.М.(31) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал, при што упатил и закани по нејзиниот и животот на нејзини блиски.

На 04.05.2026 во 21:10 часот во нас.„Бањешница“ во Гостивар, полициски службеници го привеле Ѓ.Ш.(35) од Гостивар. Постапувајќи по претходна поплака дека агресивно се однесувал кон неговата мајка, полициски службеници излегле на местото, при што тој почнал агресивно да се однесува кон нив и да ги омаловажува.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Мени за пристапност