Вечерва (31.07.2025) министерот Панче Тошковски заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев ги посетија полициските службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот и од моторното одделение, во населбата Илинден, кои спроведуваат контроли во рамки на оперативната акција „Безбеден сообраќај“.
Акцентот на вечерашните засилени контроли беше ставен на правилното управување со мотори и електрични тротинети, како и носењето на заштитна опрема.
„Апелирам до сите учесници во сообраќајот, особено до оние кои управуваат мотори и електрични тротинети, да ги почитуваат доследно сообраќајните правила, да не возат побрзо од дозволеното, да носат заштитни кациги и да придонесат за зголемување на безбедноста во сообраќајот“, рече министерот Тошковски.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста на улиците и патиштата.