Денеска беше ангажиран хеликоптерот на македонската полиција Бел 412 за гасење пожар во реон на Радовиш. Притоа во 23 налети исфрли повеќе од 35 тони вода.
Истовремено беше ангажиран и хеликоптерот Агуста Бел 212 кој вршеше извидување на пожарот на Готен кој се проширува кон беровско.
Продолжуваат активностите на полициските хеликоптери и во наредните денови, се до целосно гасење на пожарите на територијата на целата држава.